Новата фабрика ќе го подигне стандардот во градот на текстилот

Bez autora
Sep 12 2011

Со отворањето на новата фабрика на Џонсон Конролс, платите се очекува да бидат над 20.000 денари за текстилните работнички кои ќе работат во оваа голема фабрика, а ќе бидат најмалку 1500 вработени. Најавата за изградба на фабриката на "Џонсон контролс" во Штип, во која според планот треба да се вработат околу 1500 луѓе, е главна тема во градот. Штипјани се надеваат дека инвеститорот ќе ја намали невработеноста и ќе ги подигне платите во клучниот текстилен сектор. Се шпекулира дека "Џонсон Контролс" ќе понуди плати во висина од 20.000 денари. Сите прекувремено одработени часови ќе биле подмирени, а работниците ќе користеле годишен одмор утврден со закон. Ваквите најави ги вознемирија конфекционерите кои веќе работат во Штип. Тие стравуваат дека ќе загубат дел од нивните поискусни работнички, кои ќе заминат во новата фабрика. Сопствениците на текстилните фабрики велат дека подобро би било Џонсон Контрол да вработи дел од машката работна сила која се наоѓа на списокот на невработени.

Новата фабрика ќе го подигне стандардот во градот на текстилотСо отворањето на новата фабрика на Џонсон Конролс, платите се очекува да бидат над 20.000 денари за текстилните работнички кои ќе работат во оваа голема фабрика, а ќе бидат најмалку 1500 вработени.

Најавата за изградба на фабриката на "Џонсон контролс" во Штип, во која според планот треба да се вработат околу 1500 луѓе, е главна тема во градот.

Штипјани се надеваат дека инвеститорот ќе ја намали невработеноста и ќе ги подигне платите во клучниот текстилен сектор. Се шпекулира дека "Џонсон Контролс" ќе понуди плати во висина од 20.000 денари. Сите прекувремено одработени часови ќе биле подмирени, а работниците ќе користеле годишен одмор утврден со закон.

Ваквите најави ги вознемирија конфекционерите кои веќе работат во Штип. Тие стравуваат дека ќе загубат дел од нивните поискусни работнички, кои ќе заминат во новата фабрика. Сопствениците на текстилните фабрики велат дека подобро би било Џонсон Контрол да вработи дел од машката работна сила која се наоѓа на списокот на невработени.

Штипјани очекуваат климата во градот целосно да се промени по отварањето на фабриката, во која според најавите, вработување ќе можат да најдат и високообразовни кадри.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik